Кое грозје е поздраво: Црното или белото?

Грозјето со години се смета за крал на овошјето без разлика на бојата на неговата површина. Овој сладок плод содржи вредни витамини и минерали, но и други хранливи работи кои имаат позитивно влијание на вашето здравје.

koe-grozje-e-pozdravo-crnoto-ili-beloto-01.jpg

Од друга страна, научниците тврдат дека грозјето се разликува и по бојата, односно некое од црното или белото грозје е поздраво.

Дали претпоставувате кое?


Црно грозје

Црното грозје обилува со антиоксидансот ресвератол кој благотворно делува на човековиот организам, посебно на кардиоваскуларниот систем.

Спречува запушување на крвните садови, појава на инфаркт, ја поттикнува циркулацијата ги ублажува инфективните процеси кај цревата и позитивно влијае на дијабетичарите.

Во црното грозје има и флавоноиди кои се борат против слободните радикали во телото, содржи големи количини на бетакаротен, магнезиум, бакар, калциум, железо, како и витамините Ц, К и Е.


Бело грозје

Белото грозје нема толку хранливи материи како црното, но тоа не значи дека треба да се избегнува. Белото грозје е добар извор на витамините: А, Ц и К како и некои минерали како калциум и железо.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg