Испружете ги нозете за да се релаксирате

Во денешното стресно општество секој си го бара својот начин за релаксирање. Некои вежбаат јога, некои тренираат, други рибарат, некои пак готват... Секој на свој начин се оидува да се справи со стресот.

Ispruzhete-gi-nozete-za-da-se-relaksirate-01.jpg

Овој пат ние ви нудиме една многу едноставна вежба која нема да ви одземе воопшто време, а е многу ефикасна.

Наједноставен начин да се смирите и да се релаксирате е да ги кренете нозете потпрени на ѕид.

Легнете на под со задникот допрени до ѕидот и кренете ги нозете на ѕидот. Рацете ставете ги до телото или ставете ги на стомакот и концентрирајте се на длабокото и бавно дишење.

Обидувајте се да го изедначите вдишувањето и издишувањето. Во оваа положба останете 5-10 минути.

Со оваа вежба го менувате протокот на крвта (затоа што во текот на денот, најмногу крв ви оди во нозете) и ги одморате отечените нозе. 

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg