Зошто од денес треба секојдневно да јадете мед и ореви?
Оревите во комбинација со медот претставуваат одличен природен лек кој може да замени многу апчиња. Оваа комбинација на телото му ги овозможува сите потребни витамини, минерали, белковини, масти и јаглехидрати.
Зошто од денес треба секојдневно да ја консумирате оваа комбинација?
Одлична е за зајакнување на крвната слика. Подгответе смеса од половина килограм мед и половина килограм мелени ореви. Додајте сок од еден лимон. Измешајте, ставете го лекот во тегла и 3 пати во денот јадете по една лажица. Одлично решение и за анемичните.
Во случај да патите од висок крвен притисок, се препорачува секој ден да зимате по 100g ореви и иста количина мед во период од 45 дена.
Оваа комбинација ги лечи и главоболките. Наместо да пиете апчиња, исто така направете си ја смесата од мед и мелени ореви и зимајте по 1-2 лажици дневно. Ова може да ви помогне и ако имате проблем со несоници.
Медот и оревите ги лечат и чиревите на желудник. Земете 20g мелени ореви и помешајте ги со врела вода. Добро изматете процедете. Ќе добиете млеко во кое треба да додадете 2 лажици мед и лекот пијте го половина час пред секој оброк, по 2 до 3 лажици.