Храна која ви ја штити кожата од штетните сончеви зраци
Секако дека тука се препаратите потребно е да ги имате во вашата летна колекција, но покрај препаратите добро е да се заштитите и однатре.
Постојат неколку состојки кои претставуваат природни препарати за заштита од штетните сончеви зраци.
1. Темно чоколадо
Добро познато е дека темното чоколадо е одличен извор на антиоксиданси, а токму тие се одговорни за целосна заштита од штетните ефекти на сончевите зраци.
2. Лосос
Тајната на делотворноста на рибата лежи во нејзините големи количини на витамин Д. Токму овој витамин е неопходен за спречување на изумирањето на кожните клетки кои се директно изложени на сочевата светлина.
3. Зелен чај
Добро познати се благотворните дејства на зелениот чај. Истиот добар е да се пие и во лето бидејќи претставува одлична заштита од сонцето. Истражувањата го потврдуваат ефективноста на зелениот чај и добро е да се консумира барем еднаш дневно.
4. Домати
Доматите се богати со каротеноидни пигменти кои се одлични за заштита на кожата од сонцето, а воедно и за забавување на процесот на стареење на кожата. Истражувањата покажуваат дека со 10 до 12 дена редовно консумирање се намалува чувствителноста на кожата.
5. Боровинки
Боровинките како и темното чоколадо се одличен извор на антиоксиданси и со тоа се идеална заштита на кожата од сончевите зраци. Боровинките го одржуваат здравјето на кожата.