18 проблеми кои може да ги имате со вагината и како да ги препознаете
10. Кога пробувате да ставите нешто, вагината се стега
Вагинизам е сексуална дисфункција кај жената. Претставува болна состојба во која мускулите се стегаат и ја блокираат пенетрацијата. Задолжително консултирајте се со доктор.
11. Не можете да ставите ни тампон
Прилично е ретко, но некои жени се раѓаат со дебел химен. Во овој случај, ниту ставањето тампони, ниту сексот е возможен. Најчесто се решава со хируршки зафат.
12. Непријатна, постојана чешавица таму доле
Пред да помислите на некоја полова болест, едноставно имајте на ум дека може да се работи за иритација на кожата. Чешањето може да се јави како последица по годишниот одмор (песок, солена вода), промена на гелот за туширање, синтетичка долна облека... За да бидете сигурни дека се работи само за иритација, измивајте ја вагината само со чиста вода. Ако чешањето не престане, проблемот е посериозен.
13. Постојано мокрите и ве пече
Големи се шансите да се работи за инфекција на уринарниот тракт. Често се пренесува по сексуален пат, непријатна е и мора да се лечи со антибиотици.
14. Вагината едноставно ве боли
Болката за време на секс може да укажува на повеќе проблеми - сувост, инфекција, менструација или ендометриоза. И во овој случај мора да посетите гинеколог.
15. Ве боли внатрешниот дел од вагината
Ако чувствувате подлабока болка, можеби се работи за вулводинија. Тоа е хронична болка која е многу лесна за предизвикување, па потребно е да му спомнете на вашиот гинеколог што точно чувствувате за да може да ви помогне.
16. Крварите, а немате менструација
Малото крварење не е голема и сериозна работа, но крварењето по сексот е нешто на кое мора да обрнете внимание. Тоа може да биде предизвикано од сувост, инфекција или некој карцином.
17. Имате меурчиња на вагината
ХПВ и гениталниот херпес најчесто се манифестираат низ овие симптоми. Иако не постои лек за овие вируси, важно е да се тестирате за да не го пренесете на партнерот.
18. Имате чести болки, исцедок, болен секс и повишена температура
Овие симптоми укажуваат на гонореја и кламидија, па ако забележите било кој од овие симптоми во комбинација со повраќање и често мокрење, посетете лекар. Ако се открие прилично рано може да биде соодветно третирана, но ако се игнорира може да предизвика неплодност.