18 проблеми кои може да ги имате со вагината и како да ги препознаете

Освен досадниот месечен циклус, женската вагина минува низ голем број проблеми и промени.

18-problemi-koi-mozete-da-gi-imate-so-vaginata-i-kako-da-gi-prepoznaete-01.jpg

Повеќето од нив се безопасни, но никако не би требало да ги игнорирате.

Ова се 18-те најчести проблеми:

1. Заборавивте нешто внатре

Најчеста работа која жените ја забораваат внатре се тампоните, вели еден гинеколог. Дека нешто не е во ред забележуваат по непријатниот мирис, а освен тампони, многу лекари признаваат дека пронаоѓале и дијафрагми или делови од секс играчки кај некои жени.


2. Пронајдовте некоја испакнатина

Не паничете, ова не е ништо страшно. Ако имате болна испакнатина на интимниот дел може да се работи за Бартолинова жлезда. Ова е честа појава и се третира со облози. Но, ако болката е силна пожелно е да посетите лекар.

Уште една испакнатина која може да ја забележите се малите поткожни ткива кои настануваат заради затнати пори и канали. Исто така безопасни, но ако станат премногу болни, пожелно е да посетите гинеколог.


3. Воспаление на фоликулите на влакната

Најчесто се јавува во облик на мозолка, а во најлош случај може да остане како лузна. Може да ја добиете од бричење, депилација, потење или џакузи. Може да ги третирате со топли облоги.


4. Кожни проблеми

Нежната кожа во интимниот дел може да биде подложна на егземи, псоријаза, па дури и рак на кожа. Затоа се пожелни редовните прегледи.


5. Во близина на вагината имате голема испакната вена

Тоа се проширени вени кои најчесто се појавуваат за време на бременоста, тврдат лекарите. Проширените вени најчесто се предизвикани заради долго седење на тоалетот или заради долготрајно стоење. За нив нема посебни третмани, најчесто сами се повлекуваат.


6. Вагината одбива да се навлажни

Ако едноставно тоа не се случува, не претпоставувајте веднаш дека сте болни. Сувоста на вагината може да биде предизвикана од контрацептивни пилули, апчиња за алергија, доење... Побарајте совет од лекарот или помогнете си со лубрикант.


7. Ве чеша и имате бел исцедок

Ова е првиот знак за габична инфекција, која е многу честа. Се што ви ја нарушува pH вредноста, како антибиотици, мокри костими за капење или дијабетес, укажува на вакви промени. Се третира со крема или вагиналети.


8. Имате бел исцедок со непријатен мирис

Непријатниот мирис пропратен со исцедок, а понекогаш и печење е чест знак за вагиноза. Се работи за уште една бактерија која доаѓа заради пореметување на pH рамнотежата. Се лечи со орални или вагинални лекови.


9. Ве чеша и пече

Ова може да е знак на многу негативни промени, од габични инфекции, па се до полово преносливи болести како кламидија, гонореја и сифилис. Не се плашете, но задолжително тестирајте се.

Уште 9 проблеми на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg