Изберете храна за убави нокти
Ако вашите нокти не изгледаат совршено, многу е веројатно дека не се храните добро. Па еве неколку корисни совети на таа тема. Ако вашите нокти се...
...кршливи најверојатно имате недостаток на витаминот А и калциум.
Затоа би требало почесто да конзумирате моркови, тиква и млечни производи.
Ако ноктите ви се свиткуваат надолу, станува збор за недостаток на фолна киселина, протеини и витамин Ц. Затоа би требало почесто да јадете соја, месо, спанаќ, пиперки и киви.
Ако пак на ноктите имате вертикални бели линии најверојатно станува збор за слаба абсорпција на минерали и протеини, како и недостаток на витаминот Б12 и железо во крвта.
За да ја подобрите оваа состојба грицкајте суво грозје, а обидете се и да пиете пивски квасец.
Белите точки на ноктите предупредуваат на недостаток на калциум и цинк заради што треба почесто да конзумирате млечни производи и спанаќ.