5 лоши навики
Различните заболувања не се воопшто изненадувачки кај личностите кои не можат да се откажат од лошите животни навики. Слабата физичка активност...
...пушење и често пиење алкохол се само некои од нив.
Доколку сакате секогаш да се чувствувате млади и здрави секако треба да избегнувате!
1. Слаба физичка активност
Како последица на физичката актвиност, најчесто се јавуваат проблеми со циркулацијата, а затнувањето на крвните садови (пример артериите) го зголемува ризикот од мозочен удар. Само 20 минути секојдневна физичка активност го намалува ризикот. Наместо пред телевизорот, вечерните часови поминете ги во шетање со својата поубава половина.
2. Премногу алкохол
Секоја трета чаша вино го оптеретува црниот дроб, а може да предизвика и многу посериозни проблеми. Некои истражувања потврдиле дека алкохолот ја намалува плодноста, посебно кај мажите. Затоа, ако сакате да го сочувате здравјето избегнувајте често пиење алкохол.
3. Пушење
Рак на бели дробови, грлото и усната шуплина, рак на желудникот и леукемија се најчестите заболувања предизвикани од цигарите. Дури и ако се откажете од зависноста од никотин потребни ви се 7 години за организмот да се ослободи од отровите собирани низ годините.
4. Желудочни тегоби
Честите болки во желудникот се резултат на недостаток на витамини во организмот. Доколку често чувствувате грчеви во желудникот најмалку 3 пати на ден јадете зелка и морков.
5. Премногу месни производи
Секојдневно конзумирање на месни преработки не е здраво бидејќи заситените животински масти го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.