Како кикириките може да ви го спасат и продолжат животот?
За љубителите на овие апетисани, истражувачите конечно успеаја да ја потврдат поврзаноста помеѓу здравиот живот и кикириките. Само неколку кикирики дневно може да го намалат ризикот од сериозни болести.
Научниците тврдат дека само 10g кикирики дневно можат да го намалат ризикот од болести на системот за дишење, дијабетес, рак и кардиоваскуларни проблеми.
Потенцирано е дека ефектот е подеднаков и кај мажи и кај жени.
Научниците од Харвард цели 22 години набљудувале 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар. Кога им предложиле секој ден да јадат кикирики, ризикот бил намален за цели 44%.
Малечките кикирики содржат многу витамини, здрави масти, влакна и антиоксиданси, што значително го продолжува животниот век заради тоа што сите овие состојки го зајакнуваат одбранбениот систем на телото.