До 2020 ќе го победиме ракот
Научникот кој ја освои Нобеловата награда за откривање на стуктурата на ДНА вели дека конечно победата над ракот стана реална цел, бидејки во голема...
... мера ги познаваме неговите хемиски карактеристики и генетика.
Спротивно на новите лекарства, само во САД годишно умираат 560 000 луѓе. Биологот и добитникот на Нобеловата награда, Џејмс Ватсон, тврди дека причината за ова се моменталните недостатоци во истражувањата во полето на туморнтие заболувања.
По мислењето на Др. Ватсон, Американскиот национален институт за рак треба да покрене еден амбициозен план со цел да се најде револуцинерен лек кој ќе ги излечи сите заболени од рак. Временската рамка во која треба да се оствари оваа цел да биде остварен до крај на деценијата.
Победата над ракот сега преставува реална цел, конечно, веќе во голема мера позната е генетиката и хемиските карактеристики на ракот.
Прашањето е како да се постигне овој план? Ватсон истакнува дека поголемиот борј на тумори се последица од комбинација на гени , на оваа база понудува интересни идеи. Метаболизмот на клеткитете на ракот, како и на сите клетки кои се делат и шират, во главно е насочен кон синтеза на статичните блокови кои се настанати со разградувањето на глукозата.
Разградувањето на глукозата се одвива уште побрзо во клетките каде што се развиваат молекулите што сигнализираат поизводство на поголем број на “транспортни” протеини кои и дозволуваат на глукозата да стигне до клетките.
Ова посочува на тврдењето дека треба да се истражат ензимите кои се вклучени во разградувањето на глукозата и да се види дали истите можат да имаат антиканцерогено дејство. Со други зборови, треба да се пронајдат молекули кои ги “празнат” резервоарите на глукоза, кои пак ги хранат туморните клетки.
Со овие тврдења се согласуваат и многу други доктори низ светот. Воедно, сите се соглесуваат дека туморните клетки го користат нашиот крвоток за нивна сопствена корист, затоа се препорачува на отстранување на крвототкот кај туморните клетки.
Постојат лекови кои ја имаат сличната функција, ама идеата е за да бидат уште поефикасни, да се модификуваат лековите за да овозможи прекин на дотокот на глукоза во туморните клетки.