Излекувајте го грбот преку масажа на стапалата
При масажа на стапалата може да се ослободите од напнатоста, болката и вкочанетоста на грбот. Масажата на стапалата може да правете ја сами, но може и некој да ви помогне.
Резултатот од масажата ќе го почувствувате веќе по првиот пат. Покрај тоа, ваквата масажа на стапалата е особено пријатна и неверојатно корисна за вашето здравје.
Одвојте време за себе и сигурно ќе се чувствувате подобро.
Најпрво треба да ја пронајдете точката на стапалото која е поврзана со грбот.
- Седнете на под со прекрстени нозе и со рацете фатете едно стапало.
- Линијата помеѓу петата и големиот прст на внатрешниот агол од стапалото е проекција на вашиот `рбет.
- Визуелно поделете ја оваа линија на делови: крстот, средината, градите и вратниот дел.
- Со палците на рацете добро притиснете ја погоре споменатата линија во насока од петата кон палецот на ногата.
- Ако имате некаков проблем во грбот ќе го почувствувате при допирот на болната точка и преку стапалото.
- Со масажа на овие точки, директно влијаете на грбот.