Внимание: 5 предмети со бактерии кои ги допираме секој ден
Иако редовно ги миеме рацете по користењето на тоалетот или фаќањето пари и рачките во автобусот, во нашата околина постојано има некои предмети кои се неизбежни и кои несвесно ги допираме и не ги сметаме за опасни, а всушност се преполни со бактерии.
Ова се само 5 од нив кои треба да ги знаете и веднаш да ги измиете рацете по контактот:
1. Клучеви
Секој од нас има барем еден сет клучеви кои ги користи секојдневно. Ги оставате на маса, ѕид, автомобил, клупа и ги фаќате по неколку пати дневно, а никогаш не помислувате дека треба веднаш потоа да ги измиете рацете.
Всушност клучевите се еден од највалканите предмети во домовите и затоа никако не би смееле да ги оставате на места каде што има храна.
2. Мобилен
Го користите секојдневно и постојано ви е при рака или близу усните, а екранот се брише единствено кога ќе се измачка од маснотијата на лицето или рацете. Мобилниот е како магнет за бактерии и затоа е многу опасен по вашето здравје.
Добро е секојпат кога ќе ви текне да го пребришете темелно со влажно марамче.
3. Прекинувач за светло
Уште еден дел од домот кој секојдневно го користите, а заборавате да го пребришете. Прекинувачите на светлата се преполни со бактерии кои се пренесуваат на дланките. Прво нешто што го направите секоја вечер е вклучувањето на светлата. Тогаш треба да ви текне да го пребришете прекинувачот и да ги измиете рацете.
4. Крпа за садови
Таа ви е секогаш при рака и врши добра работа за одржување на чистата работна маса во кујната. Но, иако изгледа како корисно средство за чистење, крпата всушност е едно од највалканите нешта. Само со една нејзина употреба се задржуваат бројни бактерии кои се пренесуваат и на храната која се подготвува на масата.
Кога е влажна крпата размножувањето на бактериите е уште побрзо поради што може да биде и извор на зарази. Наместо платнени крпи, подобро е да користите од оние за една употреба.
5. Ѕвончето на врата
Иако сте свесни дека личната или домашната хигиена ви е на високо ниво, тоа не значи дека исти навики имаат и луѓето однадвор. Па додека се трудите вашиот дом да биде беспрекорен, постојат места кои не можете да ги контролирате, а едно од нив е прекинувачот за ѕвонче.
Го допираат и познати и непознати, уште пред да влезат да се измијат, така што сите бактерии ги оставаат пред вратата каде потоа може да допрете и вие и вашите блиски.
Добро е секојдневно да го пребришувате со антибактериски марамчиња.