Знаци кои никако не смеете да ги игнорирате: Вашето тело е преполно со отрови
Доколку сакате да откриете во каква состојба е вашиот организам, доволно е само да посветите внимание на некои знаци кои секојдневно укажуваат на тоа колку вашиот организам е чист и здрав.
Во организмот секојдневно се насобираат токсини кои ги внесуваме преку исхраната и дишењето и обично самите преку црниот дроб се прочистуваат.
Но, понекогаш како резултат на неправилната исхрана или недоволните физички активности, токсините не се преработуваат и исфрлаат од организмот.
Ова се 4 најчести аларми дека вашето тело е преполно со токсини.
1. Физиолошки потреби
Честото одење во тоалет е јасен знак дека вашиот организам е преполн со токсини, но не се плашете. На овој начин сигурни сте истите се исфрлаат, во спротивно ќе се враќаат во крвотокот и можат да предизвикаат голем број проблеми.
Доколку имате проблеми од ваков тип, пијте почесто течности, чаеви и пробиотици за да се подобри работата на вашата цревна микрофлора и побрзо да се ослободувате од токсините.
2. Непријатен здив
Лошиот мирис кој може да излегува од вашата усна празнина е јасен знак дека организмот е преполн со токсини.
Во голема веројатност произлегува од бактериите кои ги имате во устата или пак, како резултат на тоа што желудникот и црниот дроб не се способни да ги преработат сите токсини.
За да се ослободите од непријатниот здив секојдневно чистете го јазикот од насобраните наслаги и консумирајте магдонос кој е природен детоксификатор.
3. Ви пречат одредени мириси
Ако имате силно изразени реакции на одредени парфеми или чад, можеби таа реакција ја предизвикуваат токсините кои се во вашето тело. Честопати стануваме пречувствителни на мириси доколку црниот дроб не е способен да ги елиминира различните токсини од телото.
Дишните патишта стануваат затворени и телото тоа го чувствува, па сетилата стануваат изострени и може да добиете реакции како главоболка или мачнини.
Магарешкиот трн и цветовите од глуварче како чаеви ќе ви помогнат во ослободувањето од токсините.
Како предлог останаува и традиционалното рицинусово масло.
4. Вишокот килограми упорно остануваат
Постојат бројни причини за отпорот при губење на тежина. Проблеми со хормони, неправилна исхрана и секако вишок на токсини во крвта.
Голем број на токсини како што се диоксините и некои пестициди се врзуваат со мастите од организмот и го спречуваат нивното ослободување.
Погрижете се да живеете што е можно поздрав живот, редовно да го прочистувате организмот и правилно да се исхранувате. На тој начин ќе се ослободите како од токсините така и од вишокот килограми.