Јогурт за добар ден
Јогуртот е вистинска мала ризница на протеини, витамини и минерали. Тој е одличен извор на калциум, кој е одговорен за растот, развојот и одржувањето...
...на коските во било кој животен период. Јогуртот има многу важна улога и во превенцијата од остеопороза.
Само јогуртот кој содржи жива јогуртна култура помага во одржувањето на чувствителната рамнотежа на цревната микрофлора.
Јогуртот кој содржи идеална формула на коензимот LJ10 и L карнитин игра многу важна улога во согорувањето на мастите бидејќи делува на начин кој го стимулира метаболизмот и ја зголемува трансформацијата на мастите, како и создавањето на мускулна маса.
Нутриционистите објаснуваат дека јогуртот е одлична замена за млекото кое многумина не го поднесуваат, а исто така е идеален и за оние кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина.
Токму затоа јогуртот треба да биде дел од секојдневната исхрана. Всушност промената на начинот на исхрана е основа за лечење на многу здравствени проблеми како и подбрување на физичкиот изглед.
Производството и употребата на јогуртот започнале пред неколку илјади години на Средниот исток, централна Азија и одредени делови на Далечниот исток.
За позитивното влијание на јогуртот врз човековото здравје и неговото лаксативно делување пишувале и старогрчките лекари.
Во 16-от век еден ерменски доктор со помош на овој „чудесен“ напиток го излечил тогашниот француски крал од меланхолија и проблеми со варењето. Токму затоа французите го нарекуваат јогуртот “млеко на вечниот живот“.