Што сè може да излечи обичната сол?
Иако честопати се вели дека треба да се намали со употребата на солта бидејќи штетно влијае, особено на бубрезите и очите, сепак таа може да има и клучно значење за други болести.
Важно е да ја имате дома и да ја употребувате во умерени количини доколку сакате да си помогнете и да се излечите во домашни услови.
Ова се неколку ситуации во кои солта може да ви помогне:
Ако ве боли грло
Направете мешавина од 1 лажичка сол и 2,5 dl вода и мешајте додека не се стопи. Со растворот правете гаргара неколку пати дневно.
Изгореници во устата
Ако сте ставиле нешто жешко или луто на јазикот, направете раствор од пола лажичка сол и 2 dl млака вода, па правете гаргара на секој час.
За болна и чувствителна вилица
Направете раствор од 1 лажичка сол и 1 dl вода, па правете гаргара колку можете почесто.
Забоболка
Како привремено решение за намалување на болката додека стигнете на стоматолог, плакнете ја устата со раствор од 1 dl млака вода, 2 лажички оцет и 1 лажичка сол.
Алергија и воспаление на синуси
Солта е спас за иритираната слузокожа. Варете 2 до 3 dl вода, па додајте сол, доволно за водата да биде солена како морската. Почекајте да се излади на собна температура, претурете ја во шише од капки за нос и двапати на ден прскајте во носот.
Убод од инсект
Солта може да ја намали болката и да го намали отокот при убод од пчела или некој друг инсект. Од солта може да направите густа паста. Нанесете ја на местото на убодот, оставете ја така да стои додека целосно не се исуши. Солта ќе ја смири иритацијата и ќе ја намали болката.
Отечени нозе
Направете купка за нозе која ќе ги намали отоците на зглобовите и ќе ви ги одмори нозете. Во леѓен ставете топла вода и додајте околу 4 лажички сол и неколку капки етерично масло од лаванда, нане или еукалиптус. Чувајте ги нозете покиснати во растворот околу половина час.