Арома терапија за уживање
Во денешните брзи, динамични и исклучително стресни животни околности, сите ние имаме потреба повремено да се релаксираме и ослободиме од...
...стресот и напнатоста.
Масажата е извонреден, природен начин за да се постигне таа цел, а во комбинација со ароматерапијата нејзиното дејство значително се зголемува.
Арома терапијата подразбира употреба на етерични масла. Мирисот е моќно сетило, кое арома терапијата го користи за ублажување на болката, за опуштање на телото и умот и за подобрување на расположението.
Благотворното дејство на етеричните масла произлегува од нивното делување на хормоните и другите носители на хемиски пораки во телото и мозокот.
Доколку сакате вистински да ги почуствувате благодетите на арома терапијата најдобро е да ја искомбинирате со добра масажа.
Масажата му помага на телото да се ослободи од стресот, болката и напнатоста, а етеричните масла делуваат на лимфниот состав.
Овој третман може да трае и до 2 часа, а потоа се чуствувате крајно релаксирани, опуштени и секако подобро расположени.
Најдобро е овој третман да го применувате во серија од 6 последователни третмани и тоа најмалку 2 пати годишно. Секако за оние кои се постојано изложени на стрес, третманите се препорачуваат што е можно почесто.