Имате непријатен здив? Овие трикови ќе ви помогнат
Непријатниот здив знае да биде незгодна појава за нормално функционирање во друштвото, а може негативно да влијае и на љубовниот живот. Сепак, и за овој проблем постојат повеќе решенија.
1. Вода
Сувата уста е совршена средина за развој на бактерии кои доведуваат до непријатните мириси. Важно е да пиете доволно вода за да ги отстраните сите остатоци од храна во устата и да го стимулирате лачењето на плунка.
2. Мастики
Џвакањето лути мастики без шеќер е секогаш добра идеја затоа што ја поттикнуваат плунката. Плус, мастиките без шеќер ве штитат од кариес.
3. Миење на јазикот
Миењето на забите не е доволно ако го заборавате јазикот. Постојат многу четки со силиконски додаток на задниот дел кој ќе ви помогне во неговото чистење. Подновете се што поскоро.
4. Намирници кои треба да ги избегнувате
Бидете умерени со кромидот и лукот, затоа што тие се најголем сојузник на непријатниот здив.
5. Прва помош
Ако веќе изедовте нешто што не треба, забите и јазикот треба да ги измиете што поскоро и да користите вода за плакнење. Потоа каснете гума за џвакање. Ако при рака немате вода за плакнење на устата, тогаш користете обична.
6. Посета на стоматолог
Најмалку 2 пати годишно треба да ги прегледате забите и да ги отстраните евентуалните проблеми, затоа што кариесот и забниот каменец може да бидат сериозни причинители на лошиот здив.