Хранете се и вежбајте како Блејк Лајви
Блејк Лајви важи за една од најпривлечните, најзгодните и најубавите дами на филмската сцена, па сигурно барем еднаш сте се запрашале во што е нејзината тајна. Време е да дознаете...
Убавата коса, виткото тело, нежната и негувана кожа се резултат на режимот на храна и вежбите кон кои се придржува прекрасната актерка. Блејк признава дека не може да му одолее на чоколадното задоволство, но тоа не значи дека не води грижа за здравјето.
Ако чувствувате дека итно ви е потребна промена во секојдневните навики, тогаш учете од Блејк Лајви:
Вежби за убаво обликувано тело:
Блејк не е девојка која сака да оди во фитнес центри, токму и затоа нејзиниот личен тренер и одредува тренинзи кои вклучуваат вежби што можат да се изведуваат буквално секаде. Овие вежби се наменети за обликување и зајакнување на мускулите на рацете и нозете, а се одлични за подготовка на телото за летото:
- Чучнувања за обликување на задникот
- Исчекори нанапред за намалување на бутовите
- Подигнување на телото со помош на раце за зајакнување на грбот и рамениците
- Различен тип на вежби за обликување на стомачни мускули
- Скокање на јаже за согорување на калории
Природно цедени сокови за чистење на организмот:
Блејк вели дека овие сокови секогаш си ги приготвува сама, бидејќи во рестораните често можат да содржат разни скриени калории.
Нејзиниот омилен сок се состои од кељ, цвекло, јаболко и лимон, кој е одличен пијалак за детоксикација на организмот.
Дневно мени на Блејк изгледа вака:
1. Наутро јаде житарки со бадемово млеко, кое е богато со протеини кои им се потребни на мускулите после вежбањето.
2. Ручекот вклучува салата и извор на протеини кои ги има во пилешкото, рибата или јајцата.
3. За десерт си дозволува да си се почести со фина чоколада без која не може да си го замисли денот.