Косата ви е чиста, но нешто ве чешa: Постојат опасни последици кои треба да ги спречите
Косата има свој циклус на растење. Доколку кожата на главата не е здрава, тој циклус се нарушува, а со тоа се доведува до паѓање на влакната, бавно и забавено растење.
Доколку го прескокнувате миењето коса неколку дена по ред, не е необично да почне да ве чеша главата.
Но, чешањето на кожата на главата дури и кога косата е измиена, има поинакви причини.
Во повеќето случаи се јавува за време на зимските месеци, но оваа појава, ако не се лечи може да потрае дури и до летото. Најчеста причина е студениот и сув воздух, а симптомите се чешање и првут.
Во однос на последиците, честото чешање на кожата на главата може да го ослаби коренот, да го забави растот и да го уништи квалитетот на косата.
Ако ваквата состојба потрае и не се излечи, може да дојде до воспаление на кожата на главата и трајно губење на косата.
Пред да се исплашите и да почнете да ги броите паднатите влакна на четката, треба да знаете дека не сте единствени, ниту едни од малкуте на кои тоа им се случува, туку ова е честа појава и кај многу други.
Па, поради тоа се препорачува почесто миење на косата, но и со тоа не треба да се претера, за да не ја иритирате косата од преголема употреба на хемикалии.
Може да се случи и покрај миењето повторно да ви се појавува првут, но тоа може да го решите со специјален шампон наменет за тоа.
Сепак, најдобро е да се консултирате со дерматолог, доколку забележите дека оваа појава ви е многу честа и доколку не успеете да ја смирите иритацијата и чешањето со помош на стандардните шампони.