Сте за шоља зелен чај?

ste-za-solja-zelen-caj-povekjeВеќе е познато дека зелениот чај е најсилниот антиоксиданс, чија благотворност со секое следно истражување станува се побогата и поразновидна.

 

Освен што во неговите благодети можеме да уживаме пиејќи го, можеме да го употребиме и во низа други пилики. Еве неколку од нив:

Ја смалува потеченоста на очитеste-za-solja-zelen-caj
Ако претходно сте претерале со работата пред компјутер или пак во подобар случај сте се забавувале до раните утрински часови, зелениот чај ќе ви помогне. Натопете марамче во зелен чај и оставете го на очните капаци 10 минути. Така не само што ќе се освежите, туку и погледот ќе ви се разбистри.

Ја смирува кожата
Доколку сте претерале со сончање или на некој друг начин сте ја изиритирале кожата, премачкајте ја со зелен чај. Тој со своето антибактериско дејство ја смалува иритацијата.

Благотворен е за забите
Зелениот чај содржи флуорид, што го прави одличен за одржување на здравјето на непцата и забите. Исто така може да се користи како течност за плакнење на устата и отстранување на непријатниот здив.

Го ублажува воспалението на грло
Антивирусното својство го прави зелениот чај идеален лек за превенција од грип и настинки. Гаргара со зелен чај го смирува воспаленото грло.

Корисен е за коските
Големиот процент на минерали во зелениот чај го прави идеален за одржување на здрави коски.

Освежување на воздухот
Листовите од зелен чај се познати по способноста да впиваат мириси. Ако сакате да се ослободите од непријатните и застоени мириси во собата или ладилникот, поставете сад со неколку листови зелен чај.

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален цик...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg