10 здрави шејкови за совршена кожа
Ако го замените класичниот појадок со здрави „коктели“, ќе му обезбедите на вашето тело дополнителна енергија, но во исто време и ќе ја ревитализирате кожата. Овие коктели се вистинска експлозија од витамини, минерали и хранливи материи и во комбинација со овошје и зеленчук кои се богати со влакна можат да го прочистат вашиот организам од токсини за многу кратко време.
Состојките кои се наоѓаат во овие шејкови благопријатно и делуваат на виталноста на кожата, ја поттикнуваат хидратацијата и ја штитат кожата од опасното УВ зрачење.
1. Утрински коктел од јагоди и краставица
Започнете го утрото со освежувачка комбинација на јагоди и краставица. Јагодите се полни со витамин Ц кој ќе ја поттикне детоксикацијата на вашата кожа, но ќе помогне и во хидратацијата и превенцијата на брчките додека минералите од краставицата ќе ги соберат токсините од вашиот организам и ќе ја прочистат кожата.
2. Шејк од портокал и кељ
Овој вкусен пијалок содржи антиоксиданси кои помагаат да се исфрлат токсините од организмот и го јакнат имунитетот. На комбинацијата од портокал и кељ додадете и свеж ѓумбир, нане и чиа семе за да добиете уште посилна витаминска бомба. Портокалот исто така ќе ви помогне со варењето.
3. Шејк од ананас, ѓумбир и спанаќ
Овој утрински коктел претставува совршен летен детокс пијалок кој можете да го консумирате и како појадок. Освежителниот вкус на ананасот и ѓумбирот ќе ви ги подобрат варењето и циркулацијата, младиот спанаќ, кој е богат со витамини и ензими ќе ви го зајакне имунитетот, додека свежиот ѓумбир ќе помогне да се забрза метаболизмот.
4. Коктел од цреши и кељ
Додека трае летото задолжително искористете го сезонското овошје и секој ден започнувајте го со овој пијалок. Кељот содржи сулфур кој ја помага детоксикацијата на црниот дроб додека витаминот Ц и влакната од вишната помагаат во хидратацијата на кожата. За да го исфрлите вишокот вода од организмот, во овој шејк додадете и чиа семки.
5. Супер шејк од шумско овошје
Моќната мешавина на овошјето во овој коктел помага да се прочисти црниот дроб и да се исфрлат токсините од телото. Вашата кожа после подолго консумирање на овој пијалак ќе биде посвежа и постегната. За приготвувањето на овој шејк може да користите брусница, рибизли, боровници, како и малини и капини.
Уште 5 коктели на следната страна...