10 здрави шејкови за совршена кожа
6. Кремаст шејк од авокадо и портокал
Комбинацијата на добри масти од авокадото заедно со витаминот Ц од портокалот им овозможуваат регенерација на клетките во вашата кожа а со тоа помагаат да добиете блескав тен. Оваа комбинација во исто време претставува хранлив и квалитетен „оброк“ и е идеален пијалак за сите временски периоди.
7. Утринска колада
Ананасот во овој рецепт делува како состојка против воспаленија, а притоа ја смирува и иритираната кожа, додека кокосовата вода и кефирот на пијалакот му даваат освежителен вкус и помагаат за полесно варење со помош на „добрите“ бактерии. Ананасот исто така е богат со антиоксиданси кои ќе ве заштитат од слободните радикали.
8. Шејк од зелен чај
Овој енергетски пијалок може да ви помогне да дојдете до сјаеј тен и намалена тежина. Тука комбинираме две моќни состојки - органскиот јогурт и зелениот чај. Активната култура во јогуртот овозможува да се воспостави баланс во варењето а доброто варење се одразува и на подобар тен, додека зелениот чај дејствува против брчките и преполн е со антиоксиданси. За дополнителна свежина може да додадете нане и мед.
9. Асаи коктел
Асаи топчињата и млекото од бадем се навистина совршен спој. Овој коктел е комбинација на витамин Е кој доаѓа од бадемот, капините се богати со антиоксиданси додека омега-3 масните киселини кои ги добиваме од бобинките асаи овозможуваат длабинска хидратација и детоксикација која видливо ќе се одрази на вашиот тен. Се препорачува да се додаде и масло од авокадо бидејќи тоа е богато со витамин Е и влакна, кои ја поттикнуваат апсорпцијата на хранливите материи и витамини.
10. Зелена лимонада
Ова зелено фрапе е совршен баланс на освежителен вкус и потребни витамини. Се прави од спанаќ, лимон, ѓумбир, авокадо, нане и манго и ќе ви овозможи најефикасна утринска детоксикација. Овој пијалак воспоставува рамнотежа на pH нивото и го регулира нивото на шеќерот во крвта.