На колку време треба да ги менуваме предметите кои секојдневно ги користиме?

Честото менување на секојдневните предмети во домот не само што е незгодно, туку може да претставува и непланиран трошок па затоа многумина чекаат нешто прво да се скрши или сосема да стане неупотребливо па дури потоа купуваат ново.

na-kolku-vreme-treba-da-gi-menuvame-predmetite-koi-sekojdnevno-gi-koristime

Но внимавајте, експертите предупредуваат дека предолгото чување на одредени предмети за домаќинство може да има негативни ефекти по здравјето, со поразителни резултати. Предметите кои секојдневно ги користиме лесно може да станат плодна почва за размножување на вируси и бактерии и затоа е многу важно да се знае на колку време некои определени предмети треба да се менуваат.

Подготвивме листа на 12 секојдневни предмети кои треба што почесто да ги менувате.

1. Изгребани тефлонски тавчиња

Ако забележите дека нелепливите тавчињата некаде се изгребани, време е да ги фрлите. Заштитната облога може да падне додека готвите и ризикувате токсичните хемикалии да навлезат во храната која ја приготвувате.


2.
Четка за заби

Треба редовно да ја менувате четкичката за заби. Стоматолозите препорачуваат да купувате нова на секои три до четири месеци за да избегнете натрупување на бактерии.

na-kolku-vreme-treba-da-gi-menuvame-predmetite-koi-sekojdnevno-gi-koristime-1

 3. Шминка

Маскарата и тушот треба да ги замените со нови после три месеци, течната пудра и карминот може да ги користите една година од отворањето додека сенката за очи и пудрите имаат рок на употреба до две години. Мора да се внимава со старата шминка бидејќи лесно може да предизвика иритации и инфекции на кожата.


4.
Кутија за контактни леќи

За да се намали ризикот од инфекција треба да купувате нова кутија на секој три месеци.


5.
Кујнски сунѓер

Истражувањата покажуваат дека сунѓерот кој се користи во кујна може да биде дури 200.000 пати повалкан од тоалетната школка. Пред да почне да ви се лоши од ова сознание, потсетете се дека се што е потребно да направите е да го менувате често сунѓерот. Доволно е да го менувате на секои две недели до месец дена но не заборавајте да го измиете и него после секое миење садови. Четките се похигиенични бидејќи полесно се чистат и се сушат побрзо па ако ви се практични за употреба, обидете се да ги замените сунѓерите со нив.


6.
 Четка за тоалетна школка

Иако редовното менување се подразбира кога станува збор за тоалетна четка, сепак внимавајте често да ја менувате вашата четка. Некои сметаат дека четката треба да се фрли дури тогаш кога ќе почне да менува боја додека други сметаат дека четката треба да се менува најмалку на секои шест месеци. Во принцип, на колку време ќе ја менувате четката зависи од тоа колку често ја користите.


7.
 Пластични садови за храна

Иако се создадени за да траат навистина долго, ако во кујнскиот плакар имате пластични садови кои таму стојат уште од 2010, време е да ги фрлите. Пластичните садови наменети за чување храна кои се направени пред 2010 содржат БПА, хемикалија која предизвикува пореметувања во хормоните а која навлегува во храната како што пластиката старее или се загрева.


 8. Перници

Пожелно е перниците да ги менувате на секои две години, бидејќи во старите перници лесно може да навлезат бактерии, мртва кожа и грини. Сепак, ако често ги тресете и перете перниците и ако користите заштитни прекривки, нема да има потреба толку често да ги менувате. Но внимавајте, ако почнете да чувствувате дека перницата ја има загубено формата и не им овозможува добра поддршка на главата и вратот, време е да ја замените.

basic-stripe-bed-pillow.jpgna-kolku-vreme-treba-da-gi-menuvame-predmetite-koi-sekojdnevno-gi-koristime-7

9. Филтер за вода

Филтерот треба задолжително да го менувате на секои два месеци. Старите и контаминирани филтери не само што не прочистуваат, туку предизвикуваат водата која поминала низ нив да биде позагадена од оригиналната вода.


10.
 Патики за трчање

Треба да ги менувате патиките после секои истрчани 800 километри. Трчањето со „изгазени“ обувки може да предизвика повреди на стапалото.

na-kolku-vreme-treba-da-gi-menuvame-predmetite-koi-sekojdnevno-gi-koristime-4

11. Заштитни креми против сончање

Иако рокот на траење на овие продукти е дури три години, пожелно да ги менувате секоја година. Ако кремот е премногу стар може да ја изгуби ефикасноста и вие ќе бидете многу повеќе изложени на штетните УВ зраци.


12.
 Прибор за прва помош

Не треба да го фрлите целиот прибор но важно е повремено да ги проверувате оние предмети кои имаат рок на употреба и да ги менувате со нови кога ќе дојде време за тоа. Ако нешто се случи, ќе имате ефективни лекови при рака за да лекувате болест или повреда.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg