Диета предизвикува Алцхајмер
Диетите кои се базираат на внесување поголеми количества на протеини може да го намалат вашиот мозок и да предизвикаат Алцхајмерова болест...
... покажуваат најновите истражувања.
Научниците откриле дека глувците кои конзумирале оброци кои може да се сретнат во Аткинсовата диета имаат полесен мозок од другите глувци.
Откриено било и дека делот од мозокот кој бил задолжен за помнење кој се нарекува хипокамус бил помалку развиен кај глувците кои биле на диета со висок удел на протеини.
Научниците изјавиле дека овие откритија покажуваат дека деменцијата и другите проблеми со помнењето треба да се намалат па дури и да се избегнат во исхраната.
“Диетите кои се базирани врз големи количества на протеини покрај тоа што го оштетуваат мозокот можат да доведат и до разни други заболувања“, изјавил неврологот Сем Ганди.