Зошто козјото млеко е толку здраво?
Ако треба да се одбере најздрав млечен производ, веројатно тоа би било козјото млеко. Неговиот состав има најголема сличност со мајчиното млеко, а покрај тоа е одличен сојузник во борбата против стрес, бронхитис и алергии.
Содржи витамини Б1, Б2, Б6, Б12 кои се важни за зајакнување на имунолошкиот систем, а има 47% повеќе витамини во однос на кравјото млеко. Покрај тоа има цели 134% повеќе калиум.
Изобилува со калциум и фосфор, кои се важни за цврсти коски, како и цинк и селен - силни антиоксиданси неопходни за одржување на здравиот организам.
Во млечните масти на козјото млеко има и специфична линолна киселина која ја нема во кравјото, а истражувањата потврдуваат дека има антиканцерогено дејство.
Со оглед на тоа дека козите јадат кори од билки, нивното млеко е богато и со силициум, минерал кој позитивно влијае на кожата, ноктите, косата и има антивоспалителни дејства, а истовремено ја регулира функцијата на цревата.
Помалку толерантните на лактоза се препорачува да пијат козјо млеко кое има многу помалку млечни шеќери за разлика од кравјото.
Доволна е само 1 чаша!
За да се задоволат дневните потреби на организмот доволно е да испиете 200ml козјо млеко. Таа една чаша обезбедува 18% од дневните потреби за протеини кои се богати со есенцијални аминокиселини.
Козјо млеко како природен седатив
Сурутката, козјото сирење и јогуртот исто така се моќни лековити средства.
Козјата сурутка е богата со аминокиселина триптофан која е еден вид на природен седатив. Како седатив го стимулира лачењето на серотонин, кој врз телото има смирувачко дејство и создава чувство на релаксираност и поспаност.
Покрај тоа, го намалува апетитот, го намалува холестеролот, ги чисти забните наслаги, спречува настанување на кариес, а помага и во регенерацијата на црниот дроб.