Нервозни на работа?
Животот во канцеларија честопати може да биде многу тежок. Соработката со различни карактери е мачна и изцрпувачка. Менталната способност...
...за справување со проблемите е предизвик кој треба да го совладате.
Како да го скротите секој противник во канцеларијата?
Можеби овие ситуации ви изгледаат безизлезни, но со мал тренинг на мозокот ништо не е невозможно. Вашите соработници се како семејство, оттука произлегуваат караниците, љубомората и ривалството.
Со помош на менталната манипулација не е тешко да ги смирите симптомите на одбивност кон некои луѓе. Навлезете во карактерот на секој одделно и обидете се да ја сфатите неговата филозофија на живеење.
Прва непријателска категорија на соработник се дефинира како „господин јас“. Ваков колега дури и тимската работа сака да си ја прeпише себе си.
Како да го скротите овој човек? Кога е во ваша близина исклучиво зборувајте само за вас. Ако имате некои заеднички активности, тогаш сите ваши оригинални идеи обидувајте се да нагласие дека сте ваши.
Втора опасна категорија е „господин совршен“. Тој секогаш е во право, без оглед на фактите. На ваквите противници треба да им застанете на пат пред тие да ги реализираат нивните „супер идеи“.
Ако случајно вие спаѓате во оваа категорија на луѓе обидете се да не зборувате во еднина „јас јас и само јас“, туку во множина „ние“. Зборовите секогаш и никогаш исто така треба да се редуцираат од вокабуларот.
Останатите категории иако се малку побезопасни, сепак треба да се споменат.
„Господата од старата школа“. Тоа се оние колеги што работат во фирмата од 1976 година и мислат дека знаат сè, бидејќи ги поминале сите фази во компанијата. Тие обично не моажат да се изнафалат и да зборуваат за себе во суперлатив.
Последна категорија е „господин коментатор“. Овој човек има константна потреба врз другите да ги лечи своите фрустрации. Задолжително покажете им заби и не дозволувајте да ве оптоваруваат со нивните лични проблеми.