Што се случува со вашето тело откако го поместивте часовникот?

Поместувањето на часовникот заради летното сметање на времето може да ве доведе до сериозни промени, а обично првите знаци кои ќе ги забележите се ненаспаност и замор.

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-otkako-go-pomestivte-casovnikot-01.jpg

Плус, ова се уште неколку проблеми кои ќе ги забележите во наредниот период:

1. Студенило

Кога телото не ви е наспано и одморено, тоа природно се подготвува за одмор, што значи се лади. Ако забележите дека вилицата ви се тресе од студенило, а во просторијата е топло, веројатно само ви недостасува сон.


2. Слаба концентрација

Податоците покажуваат дека бројот на несреќи се зголемуваат во овој период, затоа секогаш добро разбудете се и сконцентрирајте се пред да седнете зад воланот.


3. Лошо ментално здравје

Недостатокот на сон често се поврзува и со депресија. Истражувањата покажуваат дека оваа временска промена може да го промени и биолошкиот часовник кој само ја влошува состојбата.


Како да го подобрите здравјето по менувањето на часовникот?

- Не надокнадувајте. Без оглед на тоа што можеби не ви се станува од кревет, пробајте да станувате во исто време како и пред поместувањето на часовникот. Само така ќе го задржите ритамот.

- Движете се. Свежиот воздух и природната светлина се природен начин да се разбудите. Од корист ви се и само 10 минути дневна прошетка.

- Нема поента да легнувате порано ако не ви се спие. Ако одите во кревет и покрај тоа што не ви се спие само ќе бидете понервозни. Наместо тоа, останете будни и зафатени уште неколку часа, додека не ви се приспие.

- Намалете со кофеинот. Стручњаците советуваат дека последното кафе треба да го испиете најмалку 6 часа пред спиење, затоа што во спротивно може да ви го поремети сонот.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg