Решив да се откажам од кафето на 1 месец: Еве што научив од овој експеримент

Лео Бабаута е момче кое решило да прави експерименти со цел да си го испита и подобри здравјето. За почеток, цел месец се откажал од кафето и пијалаците со кофеин.

resiv-da-se-otkazam-od-kafe-na-1-mesec-eve-sto-nauciv-od-ovoj-eksperiment-001.jpg

Признава дека било тешко и речиси незамисливо и имал неколку очајни обиди да си го прекрши експериментот.

Но, еве што забележал додека бил во фазата на одвикнување:

1. Очекувал симптоми како главоболки и грозници, но се изненадил затоа што немало ништо од очекуваното. Лео често пати се будел наспан многу порано од алармот и бил сконцентриран од рано наутро.

2. Единствен проблем му бил мирисот на кафе. Кога гледал како другите пијат кафе ја немал таа желба како кога ќе помирисал шолја кафе. Но, и тоа го издржал.

3. Најголемите проблеми ги имал по мрсните и зачинети оброци. Жедта ја гасел со вода, но имал потреба за силно кафе веднаш по оброкот. Комбинацијата од масти и зачини очигледно е замката која треба да ја избегнувате ако сакате да се откажете од кафе.


Што научил Лео по само 1 месец без кафе?

„Мислев дека откажувањето ќе ми биде многу потешко отколку што навистина беше.

Но, да имаш навика со која ќе го замениш утринското и попладневно кафе навистина помага.

Кога и да сте фокусирани на менталната жртва која ја правите, почестете се со шолја топол и вкусен чај. Парче пица или мафин? Зошто да не?

Уште една важна работа - запаметете дека потребите и нагоните се моментални, дури и оние најсилните.

Од голема помош е ако јавно го кажете својот предизвик.

Ако вашите колеги, пријатели и членовите од семејството знаат дека го избегнувате кофеинот, на секој можен начин ќе ви бидат од помош. За почеток, нема да ви нудат кафе кога тие ќе го подготвуваат, ниту пак ќе го пијат во ваша близина. И верувајте дека тоа е од клучно значење за да издржите.“

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg