5 Здрави начини да го намалите крвниот притисок

Пред да посегнете по лекови пробајте да го регулирате крвниот притисок преку овие 5 здрави начини...

5-zdravi-nacini-da-go-smalit-krvniot-pritisok-1

Заштитете си го здравјето и запомнете ги овие здрави совети за намалување на крвниот притисок:

1. Вежбање

Вежбањето му помага на срцето поефикасно да го користи кислородот, па така и полесно пумпа крв. Обидете се да вежбате барем по 30 минути секој ден.


2. Дишете длабоко

Лесното длабоко дишење и медитација го намалуваат нивото на хормоните на стрес, кои пак влијаат врз покачување на крвниот притисок. Секое утро по 5 минути дишете длабоко и при издишување ослободете се од тензијата.


3. Намирници богати со калиум

Во текот на денот треба да внесувате околу 3.000 mg калиум, а истиот ќе го пронајдете во компирот, доматите, бананите и грашокот. Калиумот ќе ви помогне при намалување на крвниот притисок.


4. Намалете го внесувањето на сол

Ова е една од работите која можете да ја промените уште веднаш, а позитивно ќе се одрази на вашето здравје. Во период од само 4 недели намаленото внесување на сол значително ќе го намали вашиот крвен притисок.


5. Темно чоколадо

Консумирањето на темно чоколадо освен што ќе ви донесе вкусно задоволство, ќе го намали и вашиот крвен притисок. Дневно консумирајте 15 g темно чоколадо со најмалку 70% какао. 

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg