5 Природни лекови за подобро здравје: Ментол за синуси, лаванда против главоболка
Кашлицата, затнатиот нос и главоболката се составен дел од сезонските настинки, вируси и грипови...
Докторите велат дека не треба веднаш да посегнувате по јаки антибиотици, туку да се обидете да ја намалите болката по природен пат.
Овие 5 природни лекови сигурно ќе ви бидат од голема помош:
1. Ментол против затнат нос
Доколку имате проблем со синусите, набавете си освежувач за просторија. Овие апарати ќе додадат влага во вашиот дом и така ќе ви ги ослободат дишните патишта. Освежувачот треба да биде на база на ментол.
2. Лаванда против главоболка
Ако чувствувате дека започнува да ве боли главата, тогаш вдишете малку од мирисот на масло од лаванда. Тоа ќе ви ги опушти мускулите во рамениците и веднаш ќе ви ја намали болката во главата.
3. Јога против несоница
Доколку патите од несоница тогаш пробајте секој ден по 1 час да вежбате јога. Секако не очекувајте уште првиот ден да се ослободите од несоницата, но со континуиран тренинг спиењето ќе ви се поправи и проблемот ќе ви се реши.
4. Лед против воспаление на мускули
После вежбање добро е да држите ладни облоги на мускулите и така ќе ги спречите силните болки. Во намалување на болката ќе ви помогне и туширање со стдена вода.
5. Куркума против депресија
Овој ароматичен азиски зачин го поттикнува расположението кај оние кои редовно го консумираат и има слично дејство како медицинските антидепресиви.