Зошто жените имаат дијареа за време на оние денови?
Некои ја поднесуваат болно, а на некои жени менструацијата воопшто не им е проблем.
Но, покрај тоа сите жени имаат заеднички симптоми во организмот кога истиот поминува низ промените кои ги предизвикува менструалниот циклус.
Еден од нив е дијареата која настанува поради лачењето на хормони од телото кои го контролираат дигестивниот тракт постојано, но кога сте во оние денови тие хормони се лачат во зголемена количина и ја нарушуваат работата на цревата.
Поради тоа настанува дијареа кај жените за време на менструалниот циклус, а може да ја намалите со јадење банани и пиење чај од мајчина душица.
Чајот од мајчината душица освен цревата, ќе го смири и нервниот систем кој може да биде исто така напнат поради менструацијата, додека, пак, бананата е суво овошје кое има влакна кои им помагаат на цревата да работат подобро.
Затоа наредниот пат кога ќе забележите стомачни гасови, дијареа или дека сте психички напнати, потсетете се дека сето тоа е нормално кај жените поради зголеменото лачење на хормони и ќе помине за само неколку денови.
Пијте чај од мајчина душица двапати во ден, јадете минимум 2 банани и мирувајте доколку сте во можност.