Што му се случува на организмот кога пиете течности после пушење на цигара?
Во ред, вие сте пушач и не може да ги откажете цигарите кога ќе посакате или воопшто не посакувате ниту да ги откажете, што секако е право на ваш сопствен избор.
Но, зошто да не ја намалите нивната штетна функција во вашиот организам со тоа што ќе престанете да пиете вода или други течности после или при пушењето на цигара?
Се прашувате каква врска има внесувањето на течности со пушењето?
Доколку сте пушач подолго време, вашето грло повеќе се дразни и сигурно веќе кашлате почесто отколку порано, што ве доведува до ситуација да се напиете вода или друга течност која ќе ја ублажи иритацијата на грлото.
Но, она што не го знаете е дека во организмот сите токсини од цигарата кои останале во или на вашата усна шуплина ги внесувате токму во стомакот преку течностите, што може да предизвика различен тип на внатрешни болести.
Затоа следниот пат кога пушите цигара, барем намалете ја нејзината штетна функција со тоа што нема да консумирате течности при пушењето.
Водата, алкохолот или кафето оставете ги за подоцна откако ќе ја исплакнете устата или ќе ги измиете забите после цигарата.