6 начини како конечно да ги згреете смрзнатите стапала
Студенилото во стапалата е најчестиот зимски проблем кој нè смрзнува при самата помисла на него. Ако и вие со месеци се борите со смрзнатите нозе, време е да се стоплите.
Овие 6 совети и трикови ќе ви помогнат во тоа:
1. Носете обувки од природни материјали. Синтетиката на чевлите или чорапите кои не се памучни може да го поттикнат потењето на стапалата, а притоа да ги оладат заради влажноста која ја создаваат.
2. За крвта да циркулира нормално, неопходно е да пиете доволно вода. Ако телото е жедно, циркулацијата е отежната. Погрижете се почесто да внесувате топли пијалаци, најмалку 1 литар вода и да го избегнувате кофеинот кој ги собира крвните садови.
3. Намирници кои може да ви помогнат за да си ги стоплите нозете се лукот, маслиновото масло, црното вино и овошјето богато со витамин Е. Исто така почесто консумирајте јаткасти плодови, додадете цимет и ѓумбир во оброците и грицкајте семки од тиква помеѓу оброците.
4. Двојната купка, студена и топла, е најдобар начин да ја разработите циркулацијата. Во еден леген наполнете топла вода, а во друг студена. Наизменично ставајте ги нозете во едниот па во другиот леген.
5. Избегнувајте ги купките со шампони и купечки сапуни. Најдобро е да ги замените со домашни билки, како на пример корен и лист од коприва. Подгответе си природна купка така што во 5 литри топла вода ќе ставите 1 шолја корен и 2 шолји листови од коприва. Оставете водата да зоврие, процедете и користете ја течноста неколку пати во неделата како купка во која ќе ги потопите стапалата.
6. Практикувајте топла, домашна масажа која може да ја изведете со обично пластично шише. Наполнете го со топла вода и добро затворете го. Потоа седнете на кревет и со двете нозе туркајте го шишето на под со малку поголем притисок.