7 Причини да простите: Лутината создава стрес, несоница и болести
Ако некој ве повредил и никако не можете да поминете преку тоа, време е да ги пуштите чувствата и да заборавите, бидејќи во спротивно го казнувате своето психичко и физичко здравје.
Доколку ни е нанесена неправда, кај нас се јавува лутина, која може да трае со години и тоа лошо се одразува врз нас самите.
Не се казнувајте себе, туку простете:
1. Лутината му штети на здравјето на срцето
Чувството на лутина и бес влијаат врз физичкото здравје, но и таа го зголемува нивото на хормонот кортизол и адреналинот. Гледано долгорочно, лутината го оптоварува срцето и може да доведе до појава на кардиоваскуларни болести.
2. Влијае врз децата
Дури и ако не го покажувате бесот пред децата, сепак тие умеат да ги „прочитаат” вашите чувства и да ги впијат во себе. На тој начин, децата ќе развијат несигурност во својата околина.
3. Бесот влијае негативно на менталното здравје
Никој не е имун на повремено вознемирување, но луѓето кои константно одново го вртат сценариото во кое некој ги повредил со тоа можат сериозно да го загрозат менталното здравје. Негативните чувства и размислувања можат да доведат до тешкотии и до слабеење на самоконтролата. Тоа исто така го зголемува ризикот од ментални пореметувања.
4. Хроничната лутина може да доведе до појава на дијабетес
Бесот може да доведе до појава на дијабетес тип 2. Иако не постои директна врска помеѓу темпераментот и ризикот од шеќерна болест, сепак луѓето кои почесто се лути според истражувањата имаат за околу 34% поголем ризик за оваа болест.
5. Опуштањето го поправува расположението
Според направените експерименти, расположението навистина се поправа откако некому сме опростиле. Испитаниците добиле за задача да размислат за тоа кој ги повредил во животот, да ја побараат личноста и да ѝ кажат дека ѝ простиле, под услов тоа вистински да сакаат да го направат. Испитаниците кои се сложиле и го направиле тоа, кај нив се забележале промени во расположението, за разлика од оние кои рекле дека немаат намера да простат.
6. После прошка полесно се спие
Пред спиење, во главата ни се вртат мисли врз кои не можеме да влијаеме. Дури и ако сме свесни дека ние не сме грешката, сепак истите нè држат будни и со тешкотии во спиењето што долгорочно гледано е лошо по здравјето. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои полесно го пуштаат минатото и го прифаќаат како такво, имаат квалитетен сон.
7. Луѓето кои знаат да простат имаат квалитетни односи
Многу луѓе сметаат дека доколку простат тоа ќе ги прикаже како слаби, но Ганди еднаш рекол: „Прошката е особина на силните”, бидејќи е потребно многу храброст и мудрост да се оддалечиме од болно искуство. Со тоа покажувате дека сте човек кој е способен да изгради квалитетни односи.