Пробајте ги: 4 чаеви за лекување на анемија
Симптомите на анемијата се прилично нејасни и незабележливи, а погодените од оваа болест често се жалат на слабост и непријатност.
Паралелно со терапијата препишана од вашиот доктор, никогаш не е погрешно да пиете и одредени чаеви.
Анемијата или намалувањето на црвените крвни садови, може сериозно да го наруши квалитетот на вашиот живот, а во сериозните случаи доведува и до тешки компликации.
Анемијата често е предизвикана од недостатокот на железо во крвта, па затоа со помош на овие 4 чаја ќе создадете резерви на железо во организмот:
1. Чај од зимзелени лисја
30g суви зимзелени лисја варете ги 1 минута во 1l вода и оставете ги да постојат 15 минути, а потоа процедете ги. Пијте по 2 чаши од чајот на дневна база помеѓу секој оброк.
2. Чај од ореви
20 свежи листови од ореви варете ги во 1l вода околу 15 минути, а потоа исцедете ја течноста. Пијте по 2 чаши чај помеѓу оброците.
3. Чај од рен
20g корен од рен варете го во 1l вода околу 20тина минути. Потоа оставете го да постои во текот на ноќта, а следното утро исцедете ја течноста. Пијте по 2 чаши од чајот помеѓу оброците.
4. Чај од бела коприва
25g суви цветни врвови од коприва ставете ги во 1L зовриена вода. Оставете ги да постојат 10тина минути, а потоа исцедете. Пијте по 2 чаши од чајот на ден помеѓу оброците.