Кога вагиналниот секрет е сигнал за на гинеколог?

Појачаниот секрет е појава со која секоја жена се соочува во текот на животот. Токму затоа многу важно е да го разликувате нормалниот од секретот кој треба да се излечи.

koga-vaginalniot-sekret-e-signal-za-na-ginekolog-01.jpg

Нормалниот исцедок го има секоја здрава жена и тој има улога да го штити гениталниот тракт од инфекции. Тој содржи лактобацили кои ја одржуваат оптималната киселост на вагината.

Важно е да знаете дека по менструацијата секретот е минимален и бистар, а пред и за време на овулација бистар и малку појачан, додека по овулацијата е малку заматен.

Кога исцедокот е обилен, заматен и има непријатен мирис, а е пропратен и со чешање или било каква промена на половиот орган, укажува на инфекција заради што посетата на гинеколог е задолжителна. Најчести причини за оваа појава се бактериите и габичните инфекции.

Анализата на секретот во гинекологијата се дели во 6 групи.

Првата група ја имаат само бебињата, а втората се јавува кај мали девојчиња.

Третата група на секрет е најчеста кај сексуално активните жени, а кога на некој ќе му се дијагностицира четврта група се работи за бактерија која предизвикува гонореја.

Петтата група укажува на паразитот Trichomonas vaginalis, а шестата на Candida.

Нешто што никако не смеете да игнорирате е појавата на крв во секретот пред, или по завршувањето на менструацијата.

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg