Како природно да ја излекувате зимската депресија?
Зимската депресија е честа појава која се јавува во студените и сиви денови. Личностите кои патат од зимската депресија, секоја година одново мораат да преземаат чекори за да се мотивираат.
Кај некои луѓе симптомите на сезонската депресија се појавуваат постепено и напредуваат во текот на зимските месеци, а кај некои се изразени уште во доцната есен.
Симптомите на сезонската депресија вклучуваат:
- Анксиозност
- Потиштеност
- Губење на енергија
- Беспомошност
- Социјално повлекување
- Недостаток на интерес за активности
- Тешкотии во концентрација
- Дебелеење
Многу фактори влијаат врз зимската депресија, а конкретниот виновник не е дефиниран. Но, доколку кај себе забележите некои од симптомите, излекувајте ја депресијата по природен пат:
1. Витамини и рано заспивање
Во зима секогаш недостига природна светлина, што е една од причините за појава на зимската депресија. Тоа не само што влијае врз вашето расположение, туку и го намалува витаминот Д во телото. Затоа корисно е рано да си легнувате и да се будите што порано. Освен тоа, внесувајте доволно количество на витамин Д.
2. Заборавете на автомобилот
Користењето на јавниот превоз ќе ви го спречи стресот и нервозите при возењето на автомобилот низ градските гужви.
3. Време за шопинг
Купете си нова зимска облека. Чувствувајте се топло и убаво во сопствената кожа. Шопингот игра значајна улога во спречување на зимската депресија.
4. Измени во храната
Добра идеја е да направите промени во прехраната. Јадете помали порции во текот на денот и немојте да се прејадувате. За зимската депресија карактеристично е дебелеењето, затоа избегнувајте ја брзата храна и консумирајте витамински оброци.
5. Спортувајте
Вежбите за тело го поправаат расположението, но така и ќе ги согорувате полесно калориите. Спортот ја покачува телесната температура што ќе направи да се чувствувате топло и пријатно во студените денови.