Како да се ослободите од настинката за 24 часа?

Кога ќе нè начека настинката, вообичаено како единствено решение одбираме да легнеме во кревет и да одмараме додека оздравиме.

kako-da-se-oslobodite-od-nastinkata-za-24-casa-1

Ако сакате што побрзо да им се вратите на секојдневните активности, тогаш оваа сезона можете да пронајдете побрз и поефикасен начин за ослободување од настинката за само 24 часа.

Секој својот лек го бара на различни места и во разни методи, но штом почувствувате дека настинувате држете се до овие препорачани чекори за надминување на настинката:

1. Ако се разбудите со првите симптоми на настинката (суво грло, кивавица, главоболка, кашлица), најдобро е денот да го започнете со туширање со топла вода. Топлата вода ќе ги опушти вашите мускули и ќе ви помогне полесно да дишете.


2. 
Најдобро е првиот ден да не консумирате тешка храна. За појадок изедете едно овошје или испијте свежо исцеден сок од протокал, кој ќе ви обезбеди доволно количество на витаминот Ц.


3. 
За затнат нос, како еден од најдоминантните симптоми на настинката, најдобро е да се внесуваат што повеќе течности. Топли пијалаци со додаток на ѓумбир и чаеви од нане се подеднакво добри за смирување на воспаленото грло и за затнатиот нос.

zp-caj.jpg

4. Ако до сега сте избегнувале физички активности, отсега при првите симптоми на настинка практикувајте лесна прошетка пред ручекот, која е одлична за подигнување на имунолошкиот систем. Тоа ќе му биде од корист на вашиот организам кој и понатаму ќе треба да се бори против настинката.


5. 
Внесувањето на лути намирници како ѓумбир, кромид или лути пиперчиња ќе ви помогне во борбата против бактеријата, поради своите антибактериски дејства.


6. 
Денот завршете го со топла купка која е идеална за уморните и болни мускули. Тоа воедно ќе биде и последниот удар врз настинката и таа ќе го напушти вашиот организам. За во целост да ја вратите силата, неопходно е добро да се наспиете. Пред спиење избегнувајте кафе, алкохол или енергетски пијалаци. 

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg