Нано технологија = бесмртност
Научникот Реј Курцвел изјавил дека за 20 години, благодарејќи на нано технологијата луѓето би можеле да станат бесмртни. Курцвел кој е 61 годишен...
...американски научник и футуриста, кој во изминатите години беше предводник на настанувањето на нови технолошки достигнувања, изјавил дека развојот на човековата генетика и компјутерската технологија се развиваат со неверојатна брзина.
Тој претпоставува дека со таа брзина на развој на науката, а особено на нано технологијата, научниците би биле во можност за само 20 години да можат да направат нови замени за виталните органи.
Курцвел додал дека иако неговата изјава изгледа неверојатно, денес веќе постои вештачки панкреас, како и резервен нервен имплант кој се вградува во оштетениот дел на мозокот.
Курцвел и другите научници веруваат дека за 20 години луѓето ќе можат да го репрограмираат своето тело така што ќе можат да го вратат процесот на стареење.
Нано технологијата може да се прошири и на мозокот, со што би им овозможил на луѓето само за неколку минути да можат дури и да напишат цела книга.