Пијте пиво без мака!
Докажано е дека пивото има позитивно влијание на убавината, здравјето и расположението. Кај нас штотуку заврши Пиво Фест. Во Германија...
...во моментов се одржува Oktoberfest, а милиони литри пиво ќе ја згаснат жедта на веселите посетители.
Иако некои поради количината на алкохол во крвта не се сеќаваат на минатата вечер, пивото само по себе има позитивни својства.
Низ годините спроведени се бројни научни, медицински истражувања кои го испитувале влијанието на пивото врз организмот.
Најголем број од овие истражувања дале позитивни резултати, додека како најголема опасност е количината на алкохол која предизвикува пијанство.
Популарниот пијалок од хмељ содржи преку 1.000 корисни состојки како витамини и минерали кои ги зајакнуваат нервите и мускулите, а може да делува и превентивно на развојот на бројни болести.
Затоа - пијте пиво и не му ја мислете!