Лоши навики = краток живот
Средовечните мажи кои се пушачи и имаат висок крвен притисок и холестерол, умираат во просек за 10-на години порано отколку луѓето кои не се подложни...
...на овој ризик.
Истражувањето на универзитетот Оксфорд кое трае од 60-те години од минатиот век, учествувале 19.000 мажи на возраст од 40 до 69 години.
Сите учесници во истражувањето имале детална медицинска историја која ги вклучувала животните и пушачките навики, тежината, крвниот притисок, функционалноста на белите дробови, холестеролот и нивото на шеќер.
7.000 преживеани учесници во истражувањето биле повторно испитани после 28 години, а заклучокот бил дека луѓето кои биле подложни на ризични фактори умирале од проблеми со срцето во 2 до 3 пати повеќе од оние кои не биле изложени на таков ризик.
Процентот на луѓето кои имале фатален резултат од срцевите удари во последниве години се намалил, но тоа се однесува главно на побогатите земји.
Останатите ризични извори останале на исто ниво, или пак се зголемиле, а тоа осебено се однесува на згоемувањето на телесната тежина на децата.