5 знаци кои укажуваат дека ви е потребна помош од психијатар
Најнормално е што сите одвреме – навреме сме нерасположени, но кога ќе почувствувате голема тага и беспомошност која ви пречи во извршувањето на вообичаените рутински обврски, време е да обрнете внимание.
Можно е да се работи за клиничка депресија од која патат 7 до 10 отсто од возрасната популација.
Ако со некои од овие симптоми водите секојдневна битка и тоа трае подолг период, веројатно е добро да посетите психијатар.
Во денешно време, со оглед на сите промени и случувања, како и брзото темпо на живот, појавата на депресија и посетата на психијатар стана сосем вообичаена.
1. Јадете повеќе или помалку од вообичаено
Поради депресијата може да се случи да се чувствувате исцрпено, а тоа помеѓу останатото може да се манифестира и со недостаток или со зголемен апетит.
Ако мозокот ви се насочи на негативни мисли, може да се случи да заборавите да јадете или воопшто да го изгубите интересот за храната.
Од друга страна, може да има и спротивен ефект, па да ви отвори апетит и постојано да ве тера на прејадување. Измешаните чувства кои обично следуваат со депресијата – тага, песимизам и намалена самодоверба, може да ве наведат тие свои чувства да ги ублажите со помош на храната.
2. Спиете премногу или премалку
Некои луѓе кои боледуваат од депресија константно имаат потреба за спиење. Постојано се уморни и исцрпени, патат од недостаток на енергија.
Но, покрај тоа, спиењето може да биде и еден вид утеха и прибежиште за нив.
Други личности со истата болест се чувствуваат немирно или се мачат со прекинување на сонот и несоница.
Премногу се опседнуваат со негативни мисли, па не можат целосно да се опуштат и безгрижно да заспијат.
Штом не спиете доволно, вашиот внатрешен часовник не е синхронизиран и дополнително ќе се чувствувате изморено и деконцентрирано.
3. Ситниците ве вадат од такт
Тоа е знак кој многу малку луѓе може да го препознаат, но депресијата може да се јави и како облик на зголемена нервоза.
Може да бидете мрзоволни и да пламнете за ситници кои инаку не би ги ни забележале.
Тоа делумно се случува затоа што депресијата ги влошува нормалните хормонални промени во расположението, но виновни се и тешките чувства со кои се бори личноста.
Кога луѓето чувствуваат физичка болка често лесно се лутат, а исто е и со психолошката болка.
Може да не се чувствувате добро или како да не сте во своето тело и поради тоа да се чувствувате нервозно.
4. Не можете да се концентрирате и фокусирате
Заборавате кога ви се роковите на работа или кога треба да стигнете на некој состанок? Се чувствувате како вашиот мозок да наликува на матна фотографија ? Тоа значи дека вашиот мозок преживува депресија.
Кога сте претрупани со тажни мисли и безвредни чувства, тоа може да влијае на вашата работа, меморијата и одлуките.
За возврат, таквото несредено размислување може да ве наведе на донесување лоши одлуки и ризично однесување.
5. Не уживате во работите на кои некогаш им се радувавте
Ако порано секој петок одевте на некоја пијачка после работа со колегите, а последните неколку недели ги избегнувате, тоа укажува на депресија.
Ако порано се радувавте на вечерното излегување, а сега едвај чекате да си легнете и многу работи на кои порано се радувавте, сега не ве интересираат, значи дека сте депресивни.
Личностите кои се само тажни може да прескокнат неколку работи, но брзо ќе се вратат на старото.
Депресијата ги прави луѓето рамнодушни кон активностите кои претходно ги правеле среќни, па почнуваат да се изолираат од светот.
За жал, така се создава круг, депресијата ве лишува од можноста да уживате во животните задоволства кои ги стекнувате со новите искуства и така престанувате да правите работи кои може да ве расположат.