7 грешки кои ги правите наутро

Секој човек има различни утрински рутини на кои не обрнува големо внимание иако тие влијаат врз текот на неговиот ден.

7-greski-koi-gi-pravite-nautro-01.jpg

Кои се вашите утрински навики и колку се тие навистина правилни? Доколку се немате запрашано, време е да го направите тоа.

1. Притискате snooze на алармот

Ова е првата грешка која ја правите наутро откако алармот ќе ве расони. Притискањето snooze само ќе ви го уништи расположението уште пред да станете од креветот. Кога алармот ќе заsвони веднаш станете без одложување. Подоцна ќе си бидете благодарни.

2. Заборавате на водата

Водата ви дава енергија, но вие не ја консумирате доволно. Посебно наутро, наместо чаша вода вие веднаш посегнувате по кафето мислејќи дека тоа веднаш ќе ве расони.

Можеби е докажано дека кофеинот делува стимулирачки врз мозокот и го активира, но водата е таа што ќе ви даде енергија. Доколку немате навика да се напиете чаша вода веднаш после будењето, нека кафето биде ваш потсетник. Пред да го испиете, снабдете го вашиот дух со минимум две чаши енергија.

3. Се туширате со жешка вода

Трета грешка на списокот на утринските грешки е туширањето со жешка вода или релаксирањето во топла када. Иако тоа звучи примамливо, всушност делува истоштувачки врз вашето тело и организам.

Топлата вода наутро само ќе ве успие дополнително. За промена истуширајте се со млака вода, а топлата када применувајте ја како релаксација пред спиење.

4. Го прескокнувате појадокот

Колку пати во животот имате слушнато дека појадокот е најважен, а сепак го прескокнувате?

Освен што ќе ви ги даде потребните сили за да го „преживеете“ работниот ден, исто така ќе ја одржува вашата линија витка. Прескокнувањето на појадокот најчесто резултира со прејадување подоцна.

Колку и да не ви се јаде наутро, подгответе житарки со млеко или каснете овошје кое ќе ве засити до ручекот и ќе ви даде енергија.

5. Го гледате денот како обврска

По утрото денот се познава, нели?

Доколку веднаш после расонувањето се присетите на мачните обврски и проблеми кои ве чекаат или пак колегите на работа кои не можете да ги поднесете, автоматски си го уништувате денот.

Наместо тоа почнете да размислувате на убави работи. Не гледајте го денот како обврска, истиот нека ви биде предизвик кој ќе го прифатите. Зарем имате друг избор?

o-MORNING-PEOPLE-570.jpg

6. Вежбањето на прво место

Немате никакви обврски наутро и тоа ве прави да се чувствувате бескорисни. Затоа сте се одлучиле на утринско трчање или вежбање во теретана.

Тоа е одличен избор за почетокот на денот, но доколку претходно не сте се напиле вода или не сте појадувале, не дозволувајте вежбањето да ви биде поважно од здравјето.

Прво исполнете ги должностите кон својот организам а потоа фатете се за работа. Ќе имате повеќе енергија во текот на целиот ден.

7. Не посветувате внимание на физичкиот изглед

Без разлика дали наутро одите на работа, на факултет или пак на некое друго место, не дозволувајте запоставен физички изглед под изговорот “немам време”.

Облечете нешто убаво, средете ја косата и чекорете самоуверено. Добриот физички изглед ќе ве направи да се почувствувате посреќни и попривлечни за околината, а тоа ќе влијае позитивно врз вашето утринско расположение.

Во која утринска грешка се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg