Како полесно да ги поднесете големите временски разлики?
Оваа година времето постојано се менува. Во рок од една седмица мораме да ги промениме летните фустани и маичките со кратки ракави, со есенски јакни и потопли чевли.
Се прашувате дали има начин за полесно преживување на овие временски разлики?
1. Кога ќе излезете, облечете памучна маица која ќе ја впие потта, понесете тенка јакна која е отпорна на ветар и чевли кои не пропуштаат вода.
2. Секој ден јадете супа од зеленчук и месо која ќе ви ја даде додатната енергија.
3. За време на наглите промени сите би требало да се хранат поздраво, со големо количество овошје и зеленчук во дневното мени.
4. Консумирајте печурки, јагоди и суво грозје, затоа што овие намирници ви помагаат во подобрување на циркулацијата.
5. На жените им е потребно поголемо количество железо во крвта, па би требало да јадат каша од јаболка, домат, ситен лук и семки од тиква.
6. Внесувајте многу течности, само на тој начин ќе го избегнете тешкото дишење и претераното потење.
7. Не претерувајте со клима уредите или преоблекувањето. Промените од студено на топло може да предизвикаат шок состојба.