Опасна забава: Што може да ви направи една пијана вечер во организмот?
Само една вечер со многу алкохол ги зголемува шансите за воспаленија, треска и распаѓање на некои ткива.
Се забавувате, пиете чашка две алкохол, па престанувате да ги броите. Иако следното утро најверојатно ќе бидете мамурни и ќе имате главоболка, постојат и поопасни работи кои алкохолот може да му ги предизвика на вашиот организам.
Според едно истражување на магазинот „Plus One“ само една вечер со многу алкохол може да предизвика испуштање на цревни бактерии и штетни токсини во крвотокот.
Овие бактериски токсини, наречени ендотоксини поттикнуваат создавање на имунолошки клетки вклучени во создавањето на воспаленијата, треската и распаѓањето на некои ткива.
Во истражувањата учествувале 25 личности, 11 мажи и 14 жени. Според Народниот институт за алкохолизам, опијанувањето настанува со внесување над 0,8 % алкохол во организмот.
За да го утврдат влијанието на алкохолот научниците им ја дале на испитаниците онаа количина алкохол што била потребна за да го достигнат потребното ниво за испитување. Им ваделе крв на секој половина час во првите 4 часа, а потоа и по 24 часа.
Резултатите покажале дека нивото на алкохол во крвта побавно се спушта кај жените отколку кај мажите. Дури и по 24 часа по престанувањето со консумација жените имале поголема концентрација на алкохол во крвта.
Ендотоксинското ниво на штетни токсини кои се ослободуваат во цревните клетки се влошила и значително пораснала по само 30 минути од консумирањето на првиот пијалак. Нивото останало високо скоро цело време додека траело испитувањето, како кај жените, така и кај мажите.
Ендотоксините може да го променат вашиот имунолошки систем. Може да дојде до болка во мускулите бидејќи телото ги презема хранливите состојки од мускулите. Тоа е причина зошто чувствувате болка во рацете и воспаление по опивањето.
Долготрајното опивање може да влијае на воспалување на црниот дроб.
Претходните истражувања покажуваат дека женското тело може да биде почувствително на дејството на алкохол, а тоа може да се објасни со зголеменото ниво откриено на крајот на експериментот.
Затоа, внимавајте да не пиете алкохол на празен желудник, добро е да имате покарај себе и чаша вода и да си ја знаете границата.