Рецепт за долг живот: Зошто Јапонците не се дебелеат и не стареат

Дали знаевте дека во оваа азиска земја заболувањата од рак и срцевите заболувања се поретки за разлика од остатокот од светот?

recept-za-dolg-zivot-doznajte-zosto-japoncite-ne-se-debeleat-i-ne-stareat-2

Фактот дека токму во Јапонија луѓето имаат најдолг животен век ги привлекува стручњаците кои сè почесто ги истражуваат тајните на оваа земја.

Јапонците велат дека клучната алка се состои во здравите навики кои мора да ги стекнете доколку сакате да ја доживеете 100-тата година од животот:


Заборавете на десертот

Својот оброк Јапонците го завршуваат со зелен чај, за разлика од многу други луѓе кои често посегнуваат по слатките. Ако не можете да одолеете на слаткото, најдобро е да го консумирате претпладне со кафе и секако во помали количини. Со помала количина на благо, вие се заштитувате од срцеви заболувања и високиот крвен притисок.


Не треба да бидете потполно сити

На јапонскиот остров Окинава живеат најголем број на 100 годишни луѓе, кои тврдат дека тајната на долговечноста се состои во тоа да не се најадувате, туку 80% од стомакот да ви биде полн. Пробајте да престанете со јадењето тогаш кога привршувате и ќе сфатите дека токму тие последни залчиња не ви биле потребни. На тој начин ќе ја одржите вашата витка линија и ќе останете здрави.


Пробајте суши

Оваа храна е важен извор на омега 3 масните киселини, кои се важни за функционирањето на мозокот и за здравјето на нашето срце. Јапонците јадат помеѓу 80 и 100 грама риби дневно и истото количество го препорачуваат на сите луѓе. Стручњаците тврдат дека редовната консумација на риба е причината поради која Јапонците ретко имаат срцеви заболувања и проблеми со холестеролот.

recept-za-dolg-zivot-doznajte-zosto-japoncite-ne-se-debeleat-i-ne-stareat-1

Движете се

Јапонците велат дека ако помалку време поминувате седејќи, а повеќе пешачите тогаш вашето здравје се подобрува. Стручњаците потврдуваат дека со два часа пешачење во текот на еден ден, вашиот живот се продолжува за 7 години.


Не бегајте од „добрите” бактерии

Разни студии покажале дека оние добри бактерии го зајакнуваат имунитетот дури за 80%. Во оваа азиска земја најчесто се јаде ферментирано овошје, кое го стимулира растот на добрите бактерии во стомакот.


Редовни прегледи

За крај, Јапонците велат дека освен здравите навики, од голема важност се и лекарските прегледи. За одржување на здравјето, прегледите треба да се прават еднаш годишно. 

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg