5 знаци кои укажуваат на недостаток на протеини во телото
Недостатокот на протеини е посебно важна појава која треба да ја следите доколку вежбате и го обликувате телото во летниот период.
Откријте ги сигналите кои вашето тело ви ги испраќа и сконцентрирајте се на почесто внесување месо, млеко, јаткасти плодови и мешунки.
1. Имате зголемена желба за слатко
Иако пологично е да имате зголемена желба за јајца или месо, реалноста е поинаква. Една од најзначајните функции на протеините е да го одржуваат нивото на шеќер во крвта, па токму затоа нивниот недостаток во организмот ја зголемува желбата за слатко.
2. Не можете да се сконцентрирате
Избалансираното ниво на шеќер е важно за да останете фокусирани. Кога ви недостасуваат протеини, вашето ниво на глукоза варира и ја предизвикува оваа појава.
3. Косата ви опаѓа
Протеините го зацврстуваат и штитат организмот, па ако ја намалите нивната количина, големи се шансите да имате повеќе влакна на четката за коса од вообичаено.
4. Чувствувате слабост
Веројатно до сега разбравте дека протеините се важни за јакнење на мускулите, па секоја малаксаност или мрзеливост се поврзува со нивен недостаток во телото.
5. Често сте болни
Намалениот обем на бицепсот не е најголемиот проблем кој може да се јави како недостаток на протеини. Ако сте често болни и настинати, односно имунитетот ви е опаднат, тоа е уште еден знак дека имате недостаток на протеини.
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108630_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108464_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109177_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111356_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108006_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110537_400.jpg)