Храна која секогаш мора да ја имате дома
Велат, здравјето почнува од чинијата. Затоа треба да ги имате најважните 7 производи во вашиот фрижидер. Не е неопходно да ви биде полн , но важно е да ги имате овие производи за да си обезбедите сигурно здравје.
Варени јајца
Истражувањето покажало дека регенеративниот витамин А во кожата се зголемува за 20 % само две недели по консумацијата на две јајца дневно.
Сок од цвекло
Го поттикнува дотокот на крв во мозокот и го спречува или барем го забавува опаѓањето на менталните функции. Уште една корист е во тоа што цвеклото ја подобрува физичката издржливост.
Риба
Освен што содржи Омега 3 масни киселини ги поттикнува и мозочните функции, ги редуцира борите на кожата и таа е еден од производите кои еднакво го намалуваат ризикот од дегенеративни промени на бојата на кожа.
Сок од капини
Антиоксидансите ги неутрализираат ефектите на стареењето на новите клетки, а американските научници откриле дека сокот од капини е исклучително богат со овие материи.
Жолта пиперка
Порција од 100 гр содржи 6,9 мг лутеолин, флавоноид кој ја одржува оптималната функција на мозокот.
Киви
Научници откриле дека организмот апсорбира поголема количина витамин Ц од кивито и подолго го задржува, отколку ако се внесува преку витамински таблети.
Кељ
Овој зеленчук е можеби најбогат со хранливи материи и одличен извор е на фолна киселина, чиј недостаток може да го зголеми ризикот од губење на слухот.