Органската храна не е здрава
Органската храна не е здрава ниту пак повеќе хранлива отколку обичната храна, потврдило истражувањето на Британската агенција за...
... стандардизација на храната.
Според пишувањето на весникот Daily Mail оваа вест ќе прставува голем удар врз индустријата за производство на органска храна која во последните неколку години бележи значителен пораст.
Но ова истражување ќе ги запрепасти секако и лужето кои се и конзументи на таквиот тип на храна. Желбата на таквиот тип на луѓе за да ја купат најдобрата храна не претставува проблем ниту цената која во некои случаи е десет пати повисока отколку за обичната храна.
Дури и некои од европските еминентни готвачи изјавиле дека не е во ред размислувањето дека обичната храна е штетна. Инаку истражувањето потврдило дека органската и обичната храна имаат подеднаква хранлива вредност вклучувајќи ја количината и на витамин Ц, калциум, железо и маснотии.
Од друга страна пак докажано е дека споредбата со месото, јајцата и млечните производи покажало дека постојат разлики но тие биле многу мали.