Совети за топлото време

soveti-za-topoloto-vreme-povekjeЗа да можете да се снајдете на високите температури, лекарти соверуваат на граѓаните да се придржуваат до упатствата за начинот на исхрана...

 

...количините на пиење на вода, заштита од сонце и за физичките активности.

Докторите велат дека е неопходно да се одмара што повеќе, а тоа посебно важи за децата, трудниците, старите лица и лицата со хронични болести.

8 - 10 чаши на вода дневно

Внесувањето на течности во телото е од исклучителна важност. Возрасните soveti-za-topoloto-vreme-vodaздрави лица треба да пијат од 8 до 10 чаши на вода дневно, додека оние кои се бават со физички активности на оваа количина треба да додадат до 3 чаши вода за секој час вежбање.

Освен вода, може да пиете и млеко и овошни сокови, а истовремено треба да го намалите количеството на кофеинските и алкохолни пијалоци, бидејќи тие делуваат како диуретици, односно условуваат губење на водата.

Доколку пиете флаширана минерална вода, се препорачува тоа да биде негазирана и умерено ладна. Течноста треба да ја внесува постепено и внимавајте да не пиете премногу ладни пијалоци.

Лицата постари од 65 години се советуваат често да пијат течност без разлика на тоа дали се жедни или не.

Лесни оброци

На сите граѓани им се препорачува да имаат редовни оброци - редовен доручек, лесен ручек и лесна вечера и две
дневни ужинки, кои ќе ви ја зачува силата и ќе ве одржат сконцентрирани и здрави.

Се препорачува да се јадат неколку парчиња леб, а неопходно е и консумирањето на млеко и млечни производи, како и месо - пилешко, мисиркино, риба и телешко, кое можете да го внесете сварено, динстано или на скара, по ваша желба.

Се разбира, немојте никако да забаравајте да внесувате свежо овошје и зеленчук.


Хигиена и памучна облека

Редовното одржување на лична хигиена е исто така важно - редовно туширање soveti-za-topoloto-vreme-tusсо млака вода пред спиење, откако ќе дојдете од работа или град, и редовно мијте ги пазувите, нозете, лицето и забите.

Се препорачува редовно проветрување на просториите, и доколку ги користите клима уредите, внимавајте разликата во температура во просторијата и надвор од неа, да не е повеќе од 7 до 10 степени.

Што се однесува до облеката - носете удобна облека од природни материјали и заштитете се од сонцето со шешири и капи, а можете со себе да си понесете и лепеза за разладување. И на кожата и треба внимание бидејќи на ова сонце, таа највеќе гори.

Доколку е неопходно да излегувате во периодот од 12 до 17 часот, нанесете и млеко за сончање и шише со вода за да се разладувате.

Не претерувајте со спортување

Докторите препорачуваат да не се претерува со физички активности, вежби и долго пешачење на високи температури. Вежбањето е здраво, но на овие температури може да биде фатално доколку се претера.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да препознаете сончаница кај децата и кога треба веднаш да се обратите на лекар? Што да правите ако вашето дете добие сончаница додека сте на плажа? Кои се симпт...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно? Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, ...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg